Поедноставено добивањето дозволи и лиценци од Министерството за транспорт

Bez autora
Dec 27 2012

Се олеснува вадењето дозволи и лиценци за превозниците. Од 1 јануари тие ќе можат барањата да ги доставуваат до Министерството за транспорт и врски, а тоа пак, по електронски пат од Централниот регистар ќе добива информации за тековната состојба и скратен финансов извештај за компанијата барател. Досега превозниците овие документи можеа да ги добијат само директно од Централниот регистар. Од 1 април наредната година ќе ги добиваме и билансот на успех, потврдата за неосудуваност и потврда дека не е изречена забрана за вршење на дејност кои се неопходни за добивање лиценци и дозволи. За овие документи сега превозниците треба да одат во Централниот регистар, да ги подигнат оттаму, а потоа да ги донесат во Министерството.

Поедноставено добивањето дозволи и лиценци од Министерството за транспортСе олеснува вадењето дозволи и лиценци за превозниците. Од 1 јануари тие ќе можат барањата да ги доставуваат до Министерството за транспорт и врски, а тоа пак, по електронски пат од Централниот регистар ќе добива информации за тековната состојба и скратен финансов извештај за компанијата барател.

Досега превозниците овие документи можеа да ги добијат само директно од Централниот регистар.

- Од 1 април наредната година ќе ги добиваме и билансот на успех, потврдата за неосудуваност и потврда дека не е изречена забрана за вршење на дејност кои се неопходни за добивање лиценци и дозволи. За овие документи сега превозниците треба да одат во Централниот регистар, да ги подигнат оттаму, а потоа да ги донесат во Министерството - рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по потпишувањето на Меморандумот со директорот на Централниот регистар.

Претходно Министерството за транспорт и врски потпиша меморандуми со Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со цел да се скратат бирократските процедури.

- Останатиот сет на документи ќе го добиваме од 1 април бидејќи со потпишувањето на Меморандумот започнува ново софтверско решение кое ќе биде специјално дизајнирано за Министерството за транспорт и врски. Со него покрај за превозниците ќе се олесни и постапката за компаниите кои во Министерството поднесуваат документи за лиценци за градење, лиценци во делот на урбанизмот и во делот на вршење на проценки - рече Јанакиески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik